Приказна на една мајка: Патувањето може да направи позитивни промени кај децата со аутизам

majka.jpg

Едно нешто е сигурно, а тоа е дека патувањето е ултимативниот едукатор, водич, тренер и пријател кој може да го имате. За тоа пренесува една мајка, која е сведок на промените кои ѝ се случиле на нејзината ќерка, која вели дека е повеќе самоуверена, дружељубива и сака авантури.

Тие отпатувале низ шумите во светот со нејзината 8 годишна ќерка Ајрис Грејс. Кога ѝ беше дијагностициран аутизам на 2 годишна возраст не можела да замисли дека 6 години подоцна заедно ќе доживеат вакви авантуристички патувања.

Сè започнало со следење на нејзините интереси и желбата да научи како да живее во моментот, гледајќи и слушајќи како да го искуси светот. Секое патување е прилагодено за интересите на Ајрис, така што ја едуцираат за време на тие патувања, а истовремено ѝ го изградуваат нејзиниот личен идентитет и животни вештини.

Мајката го документирала патувањето со цел да ги инспирира другите, покажувајќи им ја убавината на нашиот свет која треба да ја зачуваме за идните генерации.

Ние веруваме дека “Различното е брилијантно” ширејќи ја свеста за аутизмот. Љубовта на Ајрис кон природата е основата за нејзиното развивање, инспирација за нејзините цртежи. Нивната последна авантура била во април 2018 година, 2 неделно патување во Грција, посетувајќи шуми кои се дел од најстарите европски буки и дабови, антички урнатини, прекрасни плажи, маслинови градини и историски градови.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail