Приказна за двата волци: Се чита за 10 секунди, а поуката останува вечна!

vukovi-108214.jpg

Некогаш одамна дедото му раскажувал приказна на внукот за една животна вистина.

Во душата на секој човек се води борба. Како борба помеѓу два волци. Во душата на секој од нас, едниот волк претставува зло. Претставува бес, завист, љубомора, жалење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, грев, лутина, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам…

Другиот волк го преставува доброто. Го преставува она што дава уживање, мир, надеж, љубов, ведрина, скромност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, сочувство и верба.

Внукот се замислил неколку моменти. Своите мисли вредно ги насочил во длабочината на дедовите зборови па го запрашал:

– Кој волк победува на крајот?

Дедото одговорил со насмевка на своето старо лице:

–  Победува оној кој повеќе го храниш…

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail