hrvat.jpg

Во време кога многумина одлучиле да ја побараат среќата во странство, еден пример говори за тоа како странството за некои не е секогаш „ветена земја“.

„во странство зависи која работа ја работите, дали сте сами или имате семејство. Сето тоа влијае на тоа дали со работата во странство ќе бидете задоволни или тоа ќе ви биде разочарување, како што ми е мене“, вели Вид Баниќ од Вировитица.

Овој школуван столар четири месеци работел во Германија, во Хановер и Карлсруеу. До работа дошол по пат на една агенција.

„Работев како доставувач на пакети, во просек имав околу 200 до 250 пакети и работев околу 16 часа дневно“, вели Вид Баниќ. Тоа беше работа за која беше потребно да се знае јазик, барем основното, порачува. Сам возел комби за достава, комуницирал со клиенти, мобилниот телефон му бил уклучен 24 часа дневно. Заедно со колеги работници живеел во трисобен стан. Секој од шестмината ги плаќал по 200 евра месечно за сместување.

Додека бил сам имал доволно за животни потреби. Но кога посакал со него да дојде да живее и семејството, сопругата и двете мали деца, пресметал дека, и покрај работата која ја работи ден и ноќ, платата нема да му биде доволна за живот.

„Станарината во Германија е многу скапа, за нас четворицата би ни требале околу 1000 евра само за станарина со трошоци, а мојата плата сЕ движеше околу 1400 евра. Сопругата, која во Хрватска има постојана работа, бидејќи е мајка на две деца кои уште не одат во школо, во Германија може да работи само на пола работно време, односно најмногу четири часа. Не би ни било доволно да живееме само од мојата плата“, говори Вид за причините за враќање во Хрватска.

Со него, вели се вратиле и дваесеттина други колеги, повеќето семејни луѓе.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail