Принцот Џорџ тргнува во училиште и не смее да има еден најдобар пријател

princ.jpg

Принцот Џорџ наскоро тргнува во приватното училиште „Thomas’s“ во Лондон, каде ќе го почне основното образование.

Тоа е училиште кое го посетуваат момчиња и девојчиња, со што Џорџ ќе ја прекине семејната традиција, по која неговиот дедо и татко посетувале исклучиво машки училишта.

Во тоа училиште првото правило на кое ги учат децата е дека секогаш мораат да бидат добри и љубезни, но исто така ги обесхрабруваат да изберат само еден најдобар другар, со цел да не бидат повредени доколку тој ги напушти, пишува „Сан“.

Неговото училиште чини 5.653 фунти за полугодие, а посебно е фокусирано на уметноста, спортот и активности во природа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail