Природата „полуде“ – Европски град среде лето наликуваше како да е зима (ВИДЕО)

Во некои реони на Санкт Петербург во саботата, 22 јули, паднаа обилни врнежи проследени со град. Ова го соопштуваат корисниците на социјалните мрежи, пренесува „Лента.ру“.

Од објавените фотографии и видеа може да се види густа покривка од град на улиците и „наноси“ низ кои со мака се движат минувачите.

„Силен град во Московскиот реон. Улиците се послани со град со големина на голема цреша“, се вели во објавата на групата „ДТП и ЧП Санкт Петербург • |УГОНЫ |СПБ“ на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

ИЗВОР: РУСКА РЕЧ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail