Продаде над 9,53 милиони автомобили во 2020 година – овој производител на автомобили стана лидер во светот

Prodade-nad-953-milioni-avtomobili-vo-2020-godina-ovoj-proizvoditel-na-avtomobili-stana-lider-vo-svetot.jpg

Продаде над 9,53 милиони автомобили во 2020 година – овој производител на автомобили стана лидер во светот

Водечкиот јапонски производител на автомобили, „Тојота моторс“ продаде над 9,53 милиони автомобили ширум светот во календарската 2020 година. Со тоа стана лидер во овој индикатор меѓу другите компании, според извештајот објавен од компанијата.

Во истовреме, продажбата на светско ниво, вклучително и на „Дајхатсу“ и „Хино моторс“, опадна за 11,3 отсто во споредба со 2019 година. Главниот конкурент на јапонскиот концерн, германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ истиот период продаде околу 9,3 милиони автомобили. „Тојота“ последен пат беше на врвот на листата во 2015 година.

„Тојота“, и покрај негативното влијание на пандемијата и прекинот на работењето на фабриките, го зголеми производството на рекордно ниво. Ова главно се должи на зголемената побарувачка во Кина, која заздравува побрзо од други земји од корона-пандемијата.

Продажбата на „Тојота“ возила во Европа е најмалку погодена во споредба со другите региони во светот. Вкупно, јапонскиот концерн има продадено околу 960.000 автомобили во европските земји, што е за 8,5 отсто помалку отколку во 2019 година.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail