Продавал манекенка на Интернет за 353 илјади долари

kidnaper.jpg

Британска манекенка била ставена на аукција на Интернет, со почетна цена од 353 илјади долари, откако била киднапирана, кога отишла на лажна фотосесија во Милано, Италија.

Дваесетгодишната Британка била киднапирана на 11 јули, од Полјакот Лукаш Херба (20), кој се претставил како фотограф, според италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Несреќната девојка загубила свест кога Херба и инјектирал кетамин, кој претставува силен анестетик, по што ја ставил во кофер и со автомобил ја префрлил во друг стан во Милано, а потоа ја однел во Торино. Се претпоставува дека Херба имал соучесник.

Таму останала шест дена, и била понудена на аукција на „дарк веб“, дел од Интернет што не е достапен за секој, односно каде што се одвиваат бројни облици на нелегална трговија. Киднаперите барале 353 илјади долари, исплатени во дигиталната валута биткоин.

Тие набргу почнале да бараат откуп од 300 илјади долари и од агенцијата за која работела манекенката. Но, злосторниците се сожалиле кога разбрале дека девојката е мајка на двегодишно дете, по што се обиделе да ја пуштат на слобода, бидејќи имаат правило според кое не киднапираат мајки.

Киднаперите потоа побарале 60 илјади долари за слободата на девојката, по што агенцијата ја контактирала полицијата, со која Херба договорил размена. Киднаперите ја оставиле девојката во британскиот конзулат во Милано на 17 јули.

Херба бил уапсен вчера во Милано, и треба да се појави пред судот наесен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail