Продлабочена академската соработка во доменот на безбедност со високообразовни институции од Белград

belgrad_1.jpg

Во периодот од 16 до 18 октомври оваа година, за време на престојот во Белград проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски остварија средба со ректорот на Криминалистичко-полицискиот Универзитет проф. д-р Дане Субошиќ и проректорот на КПУ проф. д-р Стево Јакимовски. За време на посетата е разговарано за интензивирање на заедничката соработка, поголема размена на студенти и иницирање на меѓународни и регионални проекти.

Дополнително тие го посетија и Факултетот за безбедниост при Универзитетот во Белград каде, во разговор со деканот, проф. д-р Владимир Н. Цветковиќ и продеканите се дискутираше за продлабочување на заедничката соработка во сите академски домени, со особен акцент врз академската мобилност на професори и студенти и можностите за заеднички учества во меѓународни научно-истражувачки проекти.

Работната посета беше заокружена со учество на Белградскиот Безбедносен форум како еден од најзначајните настани во областа на меѓународната безбедност на којшто присуствуваат претставници на академската заедница, на меѓународните и регионални безбедносни и политички организации, тинк тенк и невладините организации од ЕУ, САД и др. На маргините од Форумот, делегацијата од УКЛО оствари средба со првите луѓе на овој форум со цел воспоставување на идна поблиска соработка. Разгледани се и можностите за изнаоѓање механизми за организирање Меѓународен Безбедносен форум во земјава, следната година, од страна на Факултетот за безбедност односно Универзитетот „Св.Климент Охридски”- Битола.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail