Продолжен рокот за студентските научно-истражувачки конференции

Prodolzen-rokot-za-studentskite-nauchno-istrazuvachki-konferencii.jpg

Продолжен рокот за студентските научно-истражувачки конференции

УСС-УКИМ сака Ве информира дека рокот за поднесувањена апстракти за студентските научно-истражувачки конференции е продолжен до15.8.2020 година.

Универзитетскотостудентско собрание, во соработка со факултетските студентски собранија,организира шест студентски научни конференции. Студентските научни конференциисе одлична можност за вие како студенти да напишете научно-истражувачки труд ида размислувате и пишувате на најразлични теми. Научно-истражувачката работа емногу важен елемент во образовниот процес, поради тоа што од една страна Вестимулира да се запознаете со методологијата за пишување и истражување, а оддруга страна Ве стимулира критички да размислувате и пишувате.

Студентскитенаучно-истражувачки конференции се организираат на следниве теми:

  • НИСКЕП – Општествен развој;
  • МЕЕТ – Природните непогоди и епидемиите од аспект на општествените и хуманистичките науки;
  • СКГКП – Климатски промени;
  • СНКН – Студентска научна конференција за нутриција;
  • СКЕЕОР – Студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој;
  • СКУН – Студентска конференција на млади уметници и научници;

Повеќе информации за студентските научни конференции можете да добиетена следниот линк: https://mailchi.mp/b09dcab6cea7/naucnikonferencii?fbclid=IwAR1p00fuUynOmAlotrD8UVNPWt6C0eUImo_jDL5MtP1sFSJm4Uqy2aL_ERA

Учеството на овие студентскинаучно-истражувачки конференции е доброволно и избор на секој студент. Ситестуденти на УКИМ можат да се пријават со апстракти за научни трудови на билокоја од конференциите.

За било каквипрашања во врска со конференции може да се обратите на email адресата насамата конференција или пак на email адресата на Комисија за наука: [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail