Продолжена соработка помеѓу УГД и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

e0bbeffcf6eb772914c2e44f5eec25e6_XL.jpg

Во петок, 15.2.2019 година, во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ престојуваа претставници на Центарот за иновации при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Двете институции веќе имаат воспоставено согласност за меѓусебна соработка и помош. Претставници на Универзитетот на ЈИЕ – Тетово беа Ѓорѓи Рафајловски, Визар Демири и Мартир Дика, а темата на средбата беше насочена кон пренесување нивни искуства во воспоставувањето и функционирањето на делот од универзитетот кој се занимава со заштита на интелектуалната сопственост и комерцијализирање на резултатите од истражувањето на истражувачите при оваа институција.

Беа пренесени драгоцени мислења и ставови за воспоставување на Центарот за трансфер на технологија, одделение за чие формирање Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип вложува големи напори.

Се разговараше и за интензивирање на соработката во домен на техничките дисциплини, во насока на заедничка поддршка при аплицирање на проекти од домашни и надворешни донатори.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail