Продолжува конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово

fis.jpg

Со поддршка на Министерството за култура, продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, значаен споменик на културата.

Во рамките на конзервацијата и санацијата на ова вредно културно наследство од византискиот период која се одвива во неколку фази, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп ќе работат  на  конзервација на фрескоживописот односно на  отстранување на наталожените нечистотии, додека во третата фаза ќе се изврши  консолидација на оштетениот слој со  ретуш во боја, соопшти Министерството за култура.

fis

Претходно беше извршена превентивна заштита со отстранување на механичките оштетувања на живописот, како конструктивна консолидација на темелите на црквата од западната страна, беа поставени потпорни ѕидови, а се изврши и зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна.

Црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово, според архитектурата претставува трикорабна базилика изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Црквата, во светски рамки, претставува редок пример на византиската уметност во поглед на исклучителниот архитектонскиот израз и уникатниот фрескоживопис.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail