jsp.jpg

За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно, Градот Скопје воведе две нови автобуски линии – автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража на улицата “Свети Кирил и Методиј”, а автобусот со број 25Б – од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до средно Водно, како и линијата со број 28 до Нерези, се бесплатни за време на викендите и државните празници, информираат од Град Скопје.

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на средно Водно и кај манастирот „Свети Пантелејмон“ во Нерези.

– Паркирањето на овие две паркинг зони, А0 и А02, се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. Парите од наплатата на паркирањето се наменети за одржување на парк-шумата „Водно“ – велат од Градот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail