На 4. 12.2020 година, проректорот на УКЛО и институционален Еразмус+ координатор, проф. д-р Марјан Ѓуровски оствари средба со директорот на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски. На состанокот разгледана е досегашната академска мобилност на Универзитетот и разгледани се можностите за интензивирање на соработката и поттикнување на поголема Еразмус+ размена на студенти и професори по завршување на пандемијата или со примена на алатките за електронска комуникација.
Договорено е, идната недела УКЛО и Националната агенција за европски образовни програми да одржат Еразмус+ Форум на којшто ќе се разговара за идните планови и Еразмус + како и механизмите кои се на располагање. Директорот Ѓоргиевски информира за зголемен буџет од Европската комисија во Еразмус+ програмата.
Активностите што се преземаат на релација УКЛО и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност се во функција на подобрување на севкупните капацитети на Универзитетот и се дел од севкупниот комплексен процес на интернационализација.
Извор: УКЛО