Продолжуваат градежните активности околу изградбата на спортските инфраструктурни објекти

5-1.jpg

Спортската инфраструктура е еден од најзначајните развојни сегменти во спортот. Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт прави големи чекори напред во изградбата и обновата на спортската инфраструктура.

Многу места во државата кои во минатото немале спортски терени и вистински услови за спорт и рекреација добија игралишта, сали и вистински услови за спортување.Потврда се проектите за Изградба на 35 спортски сали, 50 фудбалски игралишта, 100 повеќенаменски спортски терени, 125 тениски терени, а започнати се и нови проекти како “Изградба на 20 фитнес зони” и Изградба на 150 игралишта за “street basket”.Агенцијата за млади и спорт продолжува со вакви инфраструктурни градежни активности и во следниот период. Динамиката на изградба е на одлично ниво.

Во Општина Зелениково продолжуваат активностите за изградба на повеќенаменско игралиште. Теренот се расчистува и полека се подготвува да се стартува со градба, додека во Домот за деца без родители “11 Октомври” продолжуваат градежните активности во делот на затворање на кровната конструкција и започнувањето со зафати во внатрешниот дел на спортската сала “Мајка Тереза” во Општина Центар.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail