Проекција на франкофонскиот филм „Денес“

aujourdhui-dalain-gomis.jpg

Францускиот институт во Скопје има чест да ве извести и да ве покани на проекцијата на франкофонскиот филм „Денес“, в среда 28 март 2018 год, во 20 часот во Кинотеката на Македонија.

Се работи за извонредна француско-сенегалска драма од 2011 година во режија на Ален Гомис, со Сол Вилијамс, Ајса Мајга и Анисија Изејман во главните улоги.

Филмот е добитник на бројни награди и се опишува како „вистинска нежна ода на убавината на животот“ (Премиер).

Филмот е со превод на македонски јазик и се прикажува во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата во Македонија.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top