Проект “Креативноста на дело”

thumbnail_Kreativnosta-na-delo_FB-Event-1920x1005_juni-2020_1.jpg

Проект "Креативноста на дело"

Институтот Креативна Македонија во текот на месец јули го спроведе
проектот “Креативноста на дело”, со кој на интерактивен начин ја
доближивме креативната дејност до пошироката јавност. На четири он-лајн
работилници се изучуваа традиционалните занаети срма, ќостек , плетење
како и веќе одомаќинетиот занает за изработка на накит и декоративни
елементи, фимо.
Првите готови дела од нашите учесници можат да се погледнат на страната
на “Creative Macedonia”.     
https://www.facebook.com/kreativnamakedonija

Проектот беше одлична можност за учење нови креативни вештини кои покрај
добро хоби може да бидат и основа за самовработување и можност за
одржлив професионален ангажман.

  Од страна на PrimePoint Partners” беше спроведена и обука за
комуникација, лидерство и претприемништво што е дополнителна можност за
професионален напредок и себе унапредување.

Во рамките на проектот “Креативноста на дело” од 6 – 20 август ќе се
одржи и иновативен он-лајн базар на рачни творби и сите посетители ќе
можат да ги погледнат делата на нашите искусни мајстори. Ве покануваме
да го посетите нашиот он-лајн базар , на кој ќе може да си одберете и
купите она што ви се допаѓа , за вас и вашите најблиски, од безбедноста
на вашиот дом.
Он-лајн базарот може да го посетите на следниов лнк :
https://esnaf.eu/mk/bazar/

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail