ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

PROEKT-MENADZER.jpg

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

АПВ МОТИВИ за нивен клиент Реномирана Градежна Компаниа од Скопје (која се занимава со инвестирање, проектирање, Изградба и продажба на станови. Компаниата постпи 20 години и има изведено над 200 објекти со најразлична намена) ја објавува позицијата:

Проект Менаџер (Градежен Инженер)

Опис на работното место:

  • Организација на тековни работни активности на вработените техничари и изведувачите за превентивно и корективно одржување, градба на нови објекти;
  • Посета на инфраструктурни објекти во разни фази на градба;
  • Следење на техничката документација и објектите во градба, редовно пополнување на тековните податоци неопходни за следење на градбата, изработка на спецификации и сета потребна техничка документација во текот на реализација на проектот согласно важечките закони;
  • Подготвување на техничко економски понуди, вклучително и истражување на пазарот на материјали, изведувачи;
  • Подготвување на на набавки на потребен градежен материјал;
  • Раководење на проект и тековни работни контакти со клиентите, надзорниот инженер, изведувачите и вработените за време на реализација на проектот;
  • Комуникации и соработка со одговорни лица од институциите на државата;
  • Изработка на предмер пресметки за тендерски постапки во областа на градежништво во нискоградба и високоградба;
  • Во согласност со градежната и проектна документација врши соодветни пресметки и калкулации;
  • Дефинира описи, количини и технички нормативи кои што ги проследува до изведувачите;
  • Ги следи движењата на пазарот на градежни материјали и суровини;
  • Комуницира со изведувачите и градежните компании за време на градежните фази од проектот;
  • Работи во рамки на буџетот и зададените временски рамки.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование- Градежен Факултет;
  • Минимум 5 годишно работно искуство во областа;
  • Одлично познавање на намески софтвер поврзан со градежништво;
  • Познавање на важечка законска регулатива за МК како и познавање на стандарди за проектирање;
  • Поседување на овластување (лиценца А или Б) за изработка на проектна документација од областа на градежништво(проектирање) ќе се смета за голема предност.

Професионални знаења и способности:

  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности;
  • Динамичност, ефективност, флексибилност и адаптибилност;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Решавање на проблеми.

Останати информации:

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 07:30-15:30 часот.

Местото на извршување на работата е во зависност од самите проекти, променливи локации.

Почетна плата 40.000 МКД нето, со простор за преговарање. 

Сите заинтересирани кандидати своите документи (мотивационо писмо, професионална биографија, диплома за завршено образование, овластувања, потврди, препораки) можат да ги Испратат на: [email protected] со назнака, Проект Менаџер најдоцна до:15/09/2020

Извор: kariera.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail