Проект за преквалификација на кадри во кој може да бидат вклучени вработени и невработени лица до 35 години

prekfalifikacija123456.jpg

Проект за преквалификација на кадри во кој може да бидат вклучени вработени и невработени лица до 35 години кои немаат ИТ предзнаење, ќе спроведе Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со Сивус Едукативен и Развоен Центар и УСАИД/РЕГ проектот.

Крајната цел е учесниците во проектот да се стекнат со ИТ вештини во една од двете предвидени обуки: Front-end web developer и NET developer, кои подоцна би ги искористиле во нивното идно вработување.

– По спроведената анализа помеѓу членките – компании на МАСИТ, која покажа дефицит на овој работен профил, веднаш е пристапено кон организирање на ваков вид обука. Особено важно е тоа што по завршувањето на обуката учесниците кои успешно ќе ја реализираат ќе добијат шанса за пракса во некоја од ИТ компаниите. Крајната цел е вработување на потенцијалните кандидати, соопшти МАСИТ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail