Проект за традиционални македонски јадења на ФТБЛ

a837e119cd945083823082e324cfb9ef_XL.jpg

Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД продолжува со реализација на проектот  „Shaping the future education in tourism – FET“ од Еразмусл плус програмата на ЕУ во соработка со  Универзитети од Грција, Бугарија и Хрватска. Студентите на ФТБЛ, во Научно наставниот центар на УГД на Плачковица – Центар за доживотно учење, како дел од овој проект, приготвуваа традиционални македонски јадења.

– Ова е проект од Еразмус плус програмата кој заеднички го работиме со универзитети  од Грција, Бугарија и Хрватска , односно со Универзитетите од Солун Бургас и Шибеник. Со студентите направивме истражување низ цела РМ, и каде одбравме дел од јадењата кои се традиционални македонски, и од кои избравме дел кои во иднина ќе ги приготвуваме. Во досегашната фаза од проектот, со студентите од нашиот факултет работевме на истражување за старите јадења од Македонија, а денеска студентите приготвуваат од Источниот регион, од Берово, Кочани и Штип. Во проектот се вклучени 50-60 студенти од ФТБЛ, дел од нив во самото истражување на традиционалната исхрана, а дел и во практичното приготвување на македонските јадења. Целта на проектот е нашата традиционална храна да ја презентираме на странските гости и туристи, и сметам дека во иднина нашите угостители ќе го прифатат предизвикот и ќе ја збогатат гастрономската понуда со старите македонски специјалитети – изјави проф. д-р Нако Ташков од ФТБЛ.
Проект
Според асистент м-р Душица Санева, во рамките на проектот било направено истражување за старите македонски јадења:

– За овој проект беше направено пообемно истражување за повеќе видови на македонски традиционални јадења, а беа опфатени повеќе региони од цела Република Македонија, а за денеска се задржавме на јадењата од источниот дел на државата. Се надевам дека ова ќе биде едно мало потсетување за се што нашите имаат готвено. Податоците се собрани од веќе постоечка литература, но и по пат на интервју. Главно се концентриравме на источниот, југоисточниот, југозападниот и скопскиот регион. Вклучени се повеќе студенти,од сите наставни центри на УГД на ФТБЛ и сме многу задоволни од нивниот ангажман.
Проект
За студентите учесници во проектот, целата работа значи големо искуство:

– Дел од студентите на ФТБЛ готвевме традиционални македонски јадења. Најголем дел од изворите од каде потекнуваат јадењата и зошто кај нас се приготвуваат, ги дознавме од нашите баби, прабаби, луѓе кои живеат тука, околу нас – вели Марија Вангелова, студент на ФТБЛ

Виктор Георгиевски – Јас готвев бабина торта со гриз, кочанска лапа и ежовки. Можам да кажам дека овие десерти ги нема многу во нашите ресторани, а би требало да се вклучат, посебно во источниот регион од каде и потекнуваат. За мене и за моите колеги учеството во овој проект е едно одлично искуство, кое ќе ни значи многу – изјави Виктор Георгиевски, студент на прва година на насоката Гастрономија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail