Проектот за сончеви покриви на Google, Sunroof, се шири во 7 милиони домаќинства во Германија

google-solarroof-e1493989334524.jpg

Проектот на Google, Sunroof денес се лансира во Германија, со што ќе навлезе во дури 7 милиони германски домаќинства. Проектот Sunroof е едноставна алатка која овозможува проценка дали вашиот дом прима доволно сончева топлина и светлина за да можете да се префрлите на соларна енергија. Засега 40% од домаќинствата во Германија се опфатени со проектот.

Проектот Sunroof во Германија го хостира електродистрибутерот E.on. Бидејќи станува збор за соработка меѓу Google и E.on, корисниците чии домови имаат доволно светлина и топлина за да произведуваат соларна енергија се упатуваат директно во E.on. Во САД, каде што проектот го има во сите 50 сојузни држави, има повеќе провајдери на соларни панели. Најинтересниот момент во сево ова е фактот дека Google нема никаква заработка од овој проект – се е бесплатно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail