Проф. д-р Блажо Боев: Добредојдени се сите студенти кои сакаат квалитетно образование

424cca5fb020ee25ae9c757d36b8e583_XL.jpg

Од понеделник (26 август) Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип започнува со реализирање на уписите на нови студенти во студиската 2019/2020 година. Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев денес на прес-конференција истакна дека УГД е универзитет кој нуди квалитетно образование и добри услови за новите студенти.

  • Знаете дека неодамна излезе рангирањето на Универзитетот во Шангај и таму и на сите други листи УГД е позициониран на втората позиција. Мислам дека заедно со УКИМ во Скопје и другите универзитети во Македонија даваме квалитетно образование со кое нашите студенти можат да се гордеат и можат да најдат работа. Тие ќе стекнат компетенции и знаење кое ќе биде вредно не само во оваа држава, туку во сите оние европски држави каде што сметаат дека треба да го продолжат своето живеење или своето образование – истакна ректорот на УГД проф. Боев.

 УГД и оваа година е отворен и подготвен за странските студенти. Интернационализацијата на Универзитетот е високо на агендата за развој на овој универзитет. И оваа година се планира преку 120 студенти од различни држави да бидат дел од УГД, а околу 50% од нив се очекува да бидат од Турција. На УГД има преку 300 студенти кои доаѓаат надвор од Република Северна Македонија.

Првиот уписен рок е од 26 август до 2 септември, а Конкурост може да се најде на веб сајтот на УГД.

извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail