Проф. д-р Блажо Боев се сретна со претседателката на Инженерската институција на РМ

3307717c0fe122dc2ed142f42c77bf35_XL.jpg

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев, оствари средба со претставници на Инженерската институција на Македонија.

Делегацијата на Инженерската институција на Македонија беше предводена од проф. д-р Христина Спасевска, која е и декан на Факултетот за електротехника и информатички технологии. На средбата се разговараше за признанието „Инженерски прстен“ кое секоја година Претседателот на Р Македонија им го доделува на студенти од техничките факултети. Во минатите години, добитници на вакво признание беа и студенти од факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail