Проф. Д-р Ленче Милошева се стекна со лиценца за рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална психотерапија

Prof.-D-r-Lenche-Milosheva-se-stekna-so-licenca-za-racionalno-emotivna-i-kognitivno-bihejvioralna-psihoterapija.jpg

Проф. Д-р Ленче Милошева се стекна со лиценца за рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална психотерапија

Факултетот за медицински науки и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип се стекнаа со стручњак во областа на психопатологијата и психотерапијата, лиценциран психотерапевт од рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална психотерапија и придружен член на Алберт Елис Институтот во Њујорк.

По 5 годишно специјалистичко усовршување на РЕБТ Центарот во Белград и Алберт Елис Институтот во Њујорк, проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, го положи завршниот испит на Алберт Елис Институтот во Њујорк и се стекна со звање Associate Fellow of the Albert Ellis Institute, лиценциран РЕ & КБТ психотерапевт.

Проф. Милошева е прв РЕ & КБТ психотерапевт во Р.С.Македонија. Нејзиното усовршување беше подржано од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, за што таа изрази искрена благодарност.

Со ова се отвораат нови можности за развој на психотерапијата на академско ниво на УГД и нови можности за научна соработка со Алберт Елис Институтот од Њујорк и РЕБТ Центарот од Белград.

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail