Проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска од Економски факултет-Скопје – најдобар научник во областа на општествените науки за 2019 година

Prof.-d-r-Nikolina-Palamidovska-Sterjadovska-od-Ekonomski-fakultet-Skopje-najdobar-nauchnik-vo-oblasta-na-opshtestvenite-nauki-za-2019-godina.jpg

Проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска од Економски факултет-Скопје – најдобар научник во областа на општествените науки за 2019 година

Почитувани,

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на науката, 10-ти ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги промовира најдобрите научници и уметник на УКИМ во одделни научноистражувачки подрачја, кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во изминатата година. 

Особена чест и задоволство имаме што за најдобар научник во областа на општествените науки за 2019 е промовирана проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска од Економски факултет-Скопје. 

Проф. д-р Паламидовска-Стерјадовска е вонреден професор на катедрата по маркетинг каде на прв циклус студии ги предава предметите Маркетинг истражување и Односи со јавноста, а активно е вклучена и на студиите од втор и трет циклус. Нејзини главни области на истражување се применето маркетинг истражување, истражување на комуникациите на компаниите, истражување на однесувањето на потрошувачите, задоволство на потрошувачите и квалитетот на услугата. Автор е на повеќе научни трудови објавени во домашни, како и во меѓународни научни списанија реферирани во Thomson Reuters и во Scopus.

Извор: ЕФ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail