Професии од соништата за кои веројатно не сте ни знаеле дека постојат

pro.jpg

Играњето видео игри, пиењето пиво или гледањето на телевизија кај нас воопшто не се сметаат за професии, но во светот, тие за многумина се професии од соништата. Но, дали сте знаеле дека токму некои од тие професии навистина постојат?

Во продолжение, погледнете неколку занимања кои со сигурност ќе посакате да ги работите.

Научник за чоколадо

Универзитетот Кембриџ во 2014. година објавил оглас, барајќи “чоколаден научник”. Целта на истражувањето била да се утврди што може да ја одржи чоколадата цврста и вкусна во топли временски услови. Секако, станува збор за сериозна програма, а нововработениот научник имал прилика работи со чоколада во текот на целиот ден.

Патувачки пивопиец

Институтот Смитсонијан во 2016. година издал оглас во кој се наведува дека бараат личност која ќе патува низ САД и ќе пие пиво, истражувајќи ја американската историја на овој напиток. Единствениот услов е кандидатот да биде историчар или студент по историја. Платата за оваа професија изнесувала 65000 долари годишно.

Пробувач на тобогани

Една компанија барала студент кој е спремен да патува низ Турција и Египет и да испробува тобогани во хотелски комплекси за 30 илјади долари.

Испробувач на видео игри

Некои луѓе живеат од тестирање на видео игри. Станува збор за бизнис кој денес носи безобразни суми на пари. Ваквите позиции постојат поради осигурување на квалитетот при тестирањето. Иако изгледа како неверојатно забавна професија, сепак тие имаат задача да “ловат” грешки во игрите.

Инструктор по сурфање… за кучиња

Постојат сопственици кои сметаат дека нивното куче има потреба од часови за сурфање. Со тоа, некој се досетил да им ја исполни желбата, а сопственикот може да учи да сурфа заедно со своето куче или да го препушти на инструкторот.

Професионален ТВ гледач

Во овој случај би поминувале време пред телевизорот без никакво чувство на вина, а притоа заработувајќи. Професионалните гледачи се најмени да следат телевизиски емисии и вести, со цел да препознааат и проследат снимки кои се важни за другите програми.

Дадилка за панди

Огласот за оваа работа е објавен од страна на кинескиот истражувачки центар во Ченгду, Сечуан. Сè што треба да направите е да поминете една година со панди, делејќи ги добрите и лошите моменти со нив.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail