Професии за кои не знаевте дека постојат а може да ви донесат илјадници долари

deverusaaaa.jpg

Секако, можете да работите вообичаени канцелариски работи, но која е забавата во тоа? Сега луѓето се подготвени да ви платат за речиси се што може да ви падне на ум.

Најизненадувачки дел е дека некои работи се плаќаат навистина добро, но невообичноста на работата е она што привлекува внимание.

1. Тестер на храна за домашни миленичиња

Тестерите на храна за домашни миленици заработуваат околу 40 илјади долари годишно. Нивната задача, како што самото име на работната позиција вели е да пробаaт храна за домашни миленици и да каже што мисли за неа.

Зошто овие компании ангажираат луѓе за оваа работа? Па бидејќи често добиваат жалби на вкусот на производот од сопственици на домашни миленици. А, ќе признаете, многу е тешко да барате повратна реакција од самите миленици.

2. Професионален гушкач

Името на ова занимање можеби звучи чудно, но занимањето на професионален гушкач е вистински тренд во светот. Ако размислиме подобро, многу е тажно и што постои. Професионалец едноставно се гушка со својот клиент за околу 40 долари на час. Идеалниот кандидат мора да биде жена стара најмалку 21 година, како наведува еден од сајтовите специјализирани за оваа работа, и мора да ги прифаќа сите полови.

3. Деверуша за изнајмување

Ако немате ниту една другарка, а би требало да се омажите тоа може да биде проблем. За среќа некој се сетил и отворил агенција за „изнајмување“ на деверуши кои заработуваат од 300 до 2000 долари по венчавка.

4. Стилист за храна

Би сакале да работите во отмени ресторани, но мразите да готвите? Тогаш би можеле да бидете професионален стилист за храна. Овие луѓе всушност не подготвуваат ништо, но обезбедуваат вашата храна да биде послужена на совршен начин. Тие, исто така, подготвуваат храна кога таа се снима или фотографира за реклами. Некои од најуспешните можат да заработат и до 50 илјади долари годишно работејќи ја оваа работа.

5. Трагач за голф топки

Ако сте многу добри можете да заработите и до 100 илјади долари месечно работејќи на популарни голф терени. Меѓутоа оваа работа не е безбедна како што изгледа бидејќи често се среќавате со змии отровници, нечистотија која може да биде опасна итн.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail