Професионалци од Државната опера во Виена ќе работат со наши солисти и студенти

cazim-asotic.jpeg

Ќазим Асотиќ, в.д. директорот на Македонска опера и балет, деновиве престојуваше во работна посета на Виена, Австрија. Како што информираат од оваа институција, во текот на својот престој Асотиќ остварил средба со директорот на Државната опера во Виена, Доминик Маер, со заменик-директорот Марио Штелер, како и со директорот на Хорот, Елиза Маријан-Зурман.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Тие го потврдиле гостување во октомври годинава на отворањето на новата сезона на МОБ. Покрај меѓусебната соработка помеѓу двете оперски куќи, договорено било нивниот вокален тренер да доаѓа во Македонија еднаш месечно и да работи со нашите солисти и да ги подготвува за тековниот репертоар, како и за новите продукции.

За 27 и 28 била договорена посета на заменик-директорот Марио Штелер, кој воедно има агенција за посредување за солисти низ светот, кој во земјата ќе дојде заедно со директорот на берлинската Опера, со кого ќе направи аудиција на нашите оперски солисти со цел нивно понатамошно ангажирање во европските оперски центри.

На 28 мај ќе има аудиција за помладите пејачи, како и за талентираните студенти, со што им се дава шанса да ги покажат своите квалитети и можност да настапат на некои од оперските сцени во Европа. Од големо значење за нашите солисти ќе биде и тоа што на секои 3 месеци ќе доаѓа познатиот сопран Красимира Стојанова, солист на виенската Опера, која моментно настапува во „Метрополитен“, за да одржува мастер-клас.

За време на работната посета во Виена, директорот на МОБ остварил средба и со влијателниот Аки Нуредини, хуманитарец, вљубеник и голем пријател на оперската уметност. На 10 мај во фоајето на МОБ ќе се одржи промоција на неговата најнова книга, со пригодна музичка програма. Промотор на книгата ќе биде светски познатиот режисер Ренато Занели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top