Професор – херој: Спасил 12 ученици, но своите деца не успеал

profesor.jpg

Унгарскиот професор по физичко Џорџ Виг кој во моментов се наоѓа во болница заради тешки изгореници е прогласен за вистински херој. Како што пренесоа медиумите во Италија, тој спасил 12 ученици од запалениот автобус кој во саботата кај Верона се заби во столб. За жал професорот од сите деца кои ги спасил не успеал да ги спаси своите, неговиот син Балаж (30) и ќерката Лаура (18) кои загинале во несреќата, потврдил унгарскиот конзул во Милано.

И сопругата на наставникот се наоѓала во автобусот, а и таа како и Џорџ на неколку пати се враќале во запалениот автобус за да ги спасат децата кои биле во него. Сопругата Ерика раскажала дека нивната ќерка спиела на седиштето до своето момче кога се случила несреќата.

Неутешната мајка ја здогледала Лаура заглавена меѓу седиштата, но веќе било предоцна. Конзулатот во Милано потврдил дека двете деца на парот загинале, а од синот Балаж кој бил хокеар се простил и неговиот клуб Ференцварош.

Дел од преживеаните ученици раскажале дека Виг им е еден од омилените професори кои секоја година ги носел на скијање.

Унгарските ученици само што го завршиле 7-дневното зимување во Франција, по што со автобусот преку Италија се упатиле кон дома. Од за сега непознати причини возачот на автобусот изгубил контрола над возилото по што удрил во столб кај Верона. Во несреќата загинаа 16 лица, а повеќе од 20 беа повредени.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail