Професор ја предава најдобрата лекција за стрес

casa-vode-1.jpg

Еден психолог на своите студенти им го одржал следното предавање.

Секој ден се соочуваме си разни предизвици и препреки кои ни помагаат да се оформиме како личности. Но ако стресот навлезе во нас тој овие животни препреки и проблени ги прави нерешливи. Стресет дефинитивно може да ве парализира.

Тогаш професорот турил вода во една часа и ги прашал своите студенти.

Колку е тешка оваа часа со вода?

Студентите давале разни одговори:

Два децилитри, оговорила една студентка, а пота следеле низа одговори, Три децилитри, пет децилитри и така натаму.

Професорот на тоа одговорил:

Апсолутната тeжина на оваа часа не е важна. Таа зависи од тоа колку време ја држам. Ако ја држам една минута нема да се случи ништо. Ако ја држам еден сат ќе започне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден мојата рака ќе биде парализирана. Значи тежината на часата се нема променето, но колку повеќе ја држам таа станува се потешка.

Стресовите и нервозите во животот се слични на оваа часа со вода. Ако мислите на нив некое време тогаш не е проблем, но ако мислите малку подолго време тогаш почнува да боли. Ако мислите на нив цел ден ќе бидете парализирани и неспособни да направите било што друго во животот.

Запамтете: Спуштете ја чашата

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail