Професор “на финта“ ги фатил студентите кои препишуваат

454varanje_naslovna.jpg

На професор му било преку глава да ги фаќа студентите кои на испити препишуваат или го бараат одговорот на задачата во мобилниот телефон.  Поради тоа одлучил да смисли начин со кој ќе ги фати студентите како препишуваат.

Студентите по инжињерство мислиле дека нивниот професор е „стара школа“. Студентите ги заземале своите места во предавалната и започнале да го решаваат последниот испит за овој семестар, а она што најмалку не изненадило е тоа што пола студенти барале да одат во тоалет. Имено, сите сакале при одење во тоалет да го најдат одговорот на прашањето за кое немале одговор. Имено, многумина студенти ја користат страницата Chegg на која го пишуваат прашањето на кое немаат одговор, а одговорот го добиваат за неколку секунди.

Меѓутоа, на испитот имало едно посебно прашање. Прашањето не се однесува на она што се правело за време на предавањата и вежбите, а содржи два дела. А делот бил многу лесен, додека Б делот бил многу тежок поради што многу студенти овој дел го оставиле празен. Целата група мислела дека го положила испитот, но кога ги виделе резултатите останале изненадени.

Меѓутоа, во што се состои финтата на професорот? Имено, многу студенти ја користат страницата Chegg каде што го поставуваат прашањето на кое не го знаат одговорот, а оваа пракса ја применуваат и за време на испит. Единствено во тоа време не ни помислиле дека професорот знае за таа страница.

Имено, професорот намерно го поставил прашањето во дел Б за да не можат студентите да го одговорат, а еден месец пред испитот на страницата го објавил прашањето и „решението“ . На прв поглед, решението изгледа логично и точно, а студентите кои не учеле не можат да го препознаат.

Студентите кои препишуваат паднале на оваа финта, а на испитот го напишале одговорите на професорот кои се неточни. Од вкупно 99 студенти, 14 го паднале испитот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail