Професор на УГД стана почесен професор на еден од најдобрите приватни универзитети во Русија

Profesor-na-UGD-stana-pochesen-profesor-na-eden-od-najdobrite-privatni-univerziteti-vo-Rusija.jpg

Професор на УГД стана почесен професор на еден од најдобрите приватни универзитети во Русија

Проф. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки при УГД е избран за почесен професор на Социјално-педагошкиот институт во Москва.

Социјално-педагошкиот институт е високообразовна институција во Москва која има преку 1500 студенти во пет оддели. Во изминатите 20 години оваа образовна институција образовала преку 7500 студенти кои денес се наоѓаат во образовниот систем на Русија. Научници од САД, Австрија, Германија, Бугарија се дел од овој институт.

Проф. д-р Трајче Стојанов од УГД е избран на последната седница на Академскиот совет како резултат на неговиот научен придонес во областа на руската философија, филозофијата на религии, политичката философија, естетиката и литературата. Проф. Стојанов е член на философските друштва во Македонија, Србија и Хрватска. На Универзитетот „Гоце Делчев“, на Факултетот за образовни науки е професор од областите философија на образование и етика во образованието. 

„Изборот на познат научник за почесен професор на МСПИ е значаен настан во научните и едукативни активности на нашиот институт. Менаџментот на МСПИ изразува длабоко уверување дека соработката со проф. д-р Трајче Стојанов ќе придонесе не само за збогатување на македонската наука, туку и за духовно спознавање на философската мисла на студентите на нашиот институт, а воедно ќе даде огромен придонес во развојот на руско-македонските односи“се вели во написот на веб-страницата на МСПИ.

Неодамна проф. Стојанов, во присуство на бројни академици, научници, амбасадори и видни личности, ја имаше својата промоција на книгата „Руска религиска философија“ во Македонската академија на науките и уметностите.

Проф. д-р Трајче Стојанов е и општествено ангажиран интелектуалец кој редовно јавно ги изнесува своите ставови во медиумите по различни општествено-политички теми. Тој е редовен колумнист во порталот Фактор, а пишува колумни и во руска Газета и други локални, регионални и национални медиуми.

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail