Професор на УГД визитинг предавач на Универзитетот во Торино

e9a2ad22a1e30585e49cd821fa258f04_XL.jpg

Проф. д-р Мичо Апостолов е поканет како визитинг професор (академска година 2016/2017) на Scuola di Management ed Economia при Università degli Studi di Torino. Овој универзитет е една од најпочитуваните високообразовни институции во Италија и во Европа (според U.S. News & World Report Best Global University Ranking за 2017 година, Универзитетот во Торино е рангиран на 97-то место во Европа).

За време на престојот тој ќе биде дел од програмите за бизнис администрација на Департманот за менаџмент, каде што во тесна соработка со проф. Симоне Доменико Скањели ќе одржи предавања и семинари поврзани со логистиката и финансиите. Тој ќе ги претстави предметите Логистика и Меѓународна трговија (дел од Програмата за менаџмент и претприемништво) и Финансиски извештаи (дел од Програмата за бизнис администрација).

Програмите за визитинг професор се специфична форма на трансфер на знаење, која опфаќа запознавање со културата и начинот на живот на луѓето, како и презентирање на можноста за идна соработка во соодветната научна област. Всушност, ова е одлична можност за претставување на УГД на меѓународната сцена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail