Професор на УКИМ лично ги оправдува отсуствата на студентите од настава поради заштита од КОВИД 19

trajkovski-696x437-1.png

Професорот д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет при УКИМ преку социјалните мрежи упати апел кон своите студенти за состојбата со корона вирусот.

„Најискрено Ве замолувам да ги откажете вашите присуства во кафетерии, ресторани, натпревари, концерти, претстави и други масовни собири. Во овој момент се чини дека самоизолацијата е најдобро средство за превенција. Не сакам да видам на настава ниту еден студент/ка што е настинат со ринитис, што кива, кашла или има температура. Искрено се надевам дека тие што ќе отсуствуваат навистина биле болни и јас лично ќе им ги оправдам отсуствата. Јакнењето на самосвеста за вирусот Covid-19 и самоизолацијата може да спаси многу животи. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе видиме каков ќе биде ставот на СЗО и МЗ наредниот вторник. Доколку се укаже потреба стојам на располагање за предавање онлјан во живо преку мојот Јутхуб канал или на запад познато како distance learning.
Јас и Вие имаме по еден живот кој е вреден да го живееме!“, порача Трајковски на својот профил на Фејсбук.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail