Професор од Белгија одржа предавање на УГД

Profesor-od-Belgija-odrza-predavanje-na-UGD.jpg

Професор од Белгија одржа предавање на УГД

Предавање на тема „Улогата на наставникот во креирање на активни и здрави училишта“ се одржа на Универзитeт „Гоце Делчев“, од страна на еминентниот професор Марк Клос од Универзитетот во Лиеж – Белгија. Професорот од Белгија зборуваше за улогата на улилиштето како место кое е едно од најважните за развивање на физичката активност.

– Важно е тие како идни наставници да учествуваат во промоцијата на физичките активности, затоа што живееме во општество кое во моментот е повеќе седечко. И ние и целото општество мораме да направиме нешто, а училиштето се место каде што животот практично започнува. Ако децата се едуцирани од страна на нивните наставници, има можност нешто да се промени – изјави Марк Клос, професор на Универзитетот во Лиеж, Белгија.

Предавањето е продолжение на заедничката соработка меѓу УГД и професорот Клос. Професорката Билјана Попеска од УГД веќе во неколку наврати соработува со Универзитетот во Лиеж.

– Целата идеја потекна од мојата двегодишна соработка со професорот, со кој заедно учествувавме во проекти. Неговото присуство е во рамките на Еразмус плус и се надевам дека ќе произлезат нови соработки – изјави проф. д-р Билјана Попевска, професор на Факултетот за образовни науки.

Деканката на Факултетот за образовани науки, проф. д-р Соња Петрова, истакна дека ваквата соработка е одлична можност да се пренесат знаења и студентите да се стекнат со нови искуства.

– Ова е добра можност да ги споделиме нашите искуства, да научиме нешто и да пренесеме нешто од нашето знаење – истакна проф. д-р Соња Петрова, декан на ФОН.

Професорот од Белгија најави дека УГД заедно со него и Универзитетот од Белгија аплицирале за меѓународен проект и се надеваат дека ќе го добијат, со што ќе ја продолжат соработката во насока на унапредување на физичкото образование.

Извор: UGD Life

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top