Професор по педагогија, не најде работа, па се повлече на село – Чува 300 овци

profesorrrrrr.jpg

Приказната за невработеноста и негрижата на државата за младите дефинитивно не е приказна која се вклопува за Изет Трнка, професор по педагогија без работа во струката, кој сега одгледува 300 овци во селото Аргуд, оддалечено 40 километри од Коњица.

Селото Аргуд е на околу 940 метри надморска висина припаѓа на заедницата села Бјелимичи, кое се наоѓа на југоисточниот дел од општината Коњиц, нешто помалку од 30 километри од Борачкото езеро, меѓу планината Височица, Трескавица и Црвиња.

Пред војната, Аргуд броеше околу 20 домаќинства, а денеска жителите на ова мало село е преполовено.

Изет Трнка е роден во Аргуд 1970 година, каде завршил основна школа, додека Електротехничко школо заврши во Сараево.

Како што припаѓа на генерацијата која поради војната го прескокна факултетското образование, Трнка по војната запиша Педагошки факултет на Универзитетот „Џемал Биједиќ“ во Мостар, каде заврши во рок и стекна занимање професор по педагогија, пренесува Анадолија.

Школувањето и сточарство

„По завршувањето на војната се запишав Педагошки факултет во Мостар, завршив во самиот рок, дипломирав. Кога требаше да имам приправнички стаж, тогаш се најдов на одредени потешкотии во пронаоѓањето на институциите, школото при кое би го добил стажот. Ваквиот тежок пат во пронаоѓање на стажот не ми лежеше најдобро и донесов одлука да се вратам на село. Почнав да се занимавам со сточарство, поточно овчарство“, вели Трнка.

Истакна дека краток период од последните десет години не му било лесно. Почнал фактички од нула.

„Почнав со некои 20 овци, денеска имам стадо од 300 овци. Презадоволен сум од моменталната состојба. Може да се живее од земјоделство и сточарство. Во секоја бранша има работа“, смета Трнка.

Мојот живот

На прашањето дали денеска размислува за работа по професијата професор по педагогија, Трнка одговори:

„Дефинитивно, мојата одлука е селото, сточарство, земјоделство. Не ги следам веќе конкурсите, не се пријавувам. Иако ако сега би можел да бирам меѓу ова што во моментов го работам и струкгата, би избрал село и сточарство“, вели тој.

Додаде дека на самиот почеток можби му било малку жал затоа што нема да ја работи работата според професијата, но сега, како што вели, повеќе за тоа не размислува, пренесува Анадолија.

„Стекнав занимање професор по педагогија. На самиот почеток кога се определив за ова, можеби ми беше малку жал, затоа што тие четири години студирање сепак многу се вложив. Сега по 10 години не размислувам за тоа. Се пронајдов и убави ми е, не размислувам ни за факултет ни за професијата. Ова е мојот живот и определување. Дипломата е тука, понекогаш со неа бришам прашина“, вели Трнка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail