Професори од Шпанија одржаа предавање пред студентите на Економскиот факултет

4bdefd0ccc884b69ab8e23af52af4cb4_XL-1.jpg

Двајца професори од Гранда, Шпанија одржаа предавање пред студентите на Економскиот факултет на УГД. Предавањата се одржаа во рамките на Еразмус Плус програмата преку која се врши размена на наставен кадар и студенти со универзитети од цела Европа.

– Овде сум да презентирам бесплатен софтвер за статистичко работење пред студентите на Економскиот факултет. Се надевам дека ќе продолжи соработката со Универзитетот „Гоце Делчев“, изјави проф. Педро Гарсија од Универзитетот во Гранада, Шпанија.

Професорите предаваа теми кои се новитет за студентите на Економскиот факултет. Самите студенти истакнаа дека работите кои ги научиле од овие визитинг професори ќе бидат корисни за иднина и дека работите кои тука се презентирани допрва ќе се учат во нашиот образовен систем. Едно од предавањата се однесуваше на циркуларна економија.

– Моето предавање беше за циркуларна економија. Станува збор за развој на нов модел на одржливост во областа на економијата, изјави проф. Валентин Молина.

Деканката на Економскиот факултет проф. Д-р Оливера Ѓоргиева – Трајковска истакна дека ова е одлично искуство за студентите и дека тие преку вакви предавања учат за најновите достигнувања во областа на науката.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/zRpH8iR9waI” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail