Прогласен најдобриот менаџер за човечки ресурси во Македонија!

18835376_1890843911199144_1918343983_n.jpg

Синоќа после завршувањето на првиот конференциски дел од 9 по ред интернационална конференција за човечки ресурси, се одржа гала вечер на која беа доделени награди и признанија.

Оценувајќи го како навистина импозантен, со многу корисни информации, предавачи кои со своите излагања ги мотивирале и поттикнале на размислување и креативен развој ,гостите првиот ден од конференцијата го заокружија со гала вечер!

Атмосферата отмена, музиката релаксирачка а неизвесноста присутна:Кој ќе ја добие титулата: Најдобар HR менаџер во Македонија.

Изборот навистина не беше лесен велат од МАЧР, во овие неколку години компаниите навистина внимаваат кого поставуваат на чело на секторот за човечки ресурси свесни се дека ако тој човек добро ја врши работата тогаш тие можат да се фокусираат на профит и производство, зошто имаат некој на кого му ја даваат целата доверба за да им ги одбере, координира и насочува вработените – Оние кои се движечката сила во секоја компанија!

Во Македонија најдефицитарни, продавачите и работници од ИТ секторите…

Важно беше да се одбере човек кој својот пат го градел постепено, кој се соочувал со предизвици, кој се докажал во својата работам човек за кого вработените зборуваат само со пофалби и благодарност

-Е такви погоре опишани ги имаме на голема радост повеќе во Македонија, но сепак титулата ја доделивме токму нему, зошто како што велат “ Кога е убаво секој е успешен, ама јунакот во мака се познава“…

-За тоа титулата најдобар HR менаџер за 2016 му ја доделивме на СТЕФАН ЈОВАНОВСКИ HR директор на one.vip .

Е тој е човекот кој се покажа во мака… Кога компанијата се соочуваше со спојување на три компании, кога владееше неизвесна атмосфера, тој успеа да го одржи стабилен својот сектор, да ги задржи квалитетните работници, да одржи работна атмосфера и мотивирачка работна средина. Му честитаме на наградата и посакуваме да продолжи по истиот пат – Велат од асоцијацијата

МАСОВНА ПОСЕТЕНОСТ на почетокот од вториот ден на 9-тата по ред HR регионална конференција

-На ова признание чекав цели 19 години, и не сум подготвен за говор – се обрати Јовановски пред присутните, Благодарен сум бескрајно на комисијата и на целата HR асоцијација која одлучи оваа година токму мене да ми го даде ова големо признание…Во исто време сакам да му заблагодарам и на мојот тим без кој немаше да успееме во моментите кога навистина притисокот беше голем, имавме задача да споиме три фирми да продолжиме со квалитетна работа на телекомуникацискиот пазар во што и успеавме.

Агенцијата Вработување.ком пак го прогласи Најпосетуваниот огласувач за 2016 што пак значи дека оваа компанија е една од најпосакуваните за вработување во Македонија…Компанијата е ЏОНСОН МЕТИ!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail