FB_IMG_15705533840530607-702x336.jpg

Наградите за социјално претприемништво за 2019 година (Social Impact Award 2019) наменети за студенти и млади од земјава ги добија трите идеи EdiStraw, TreeBanks и CoSense, соопштија од Фондот за иновации.

Победниците се наградени со парична награда во висина од по 2.000 евра обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија. Четвртиот победник „Дружење без граници” доби ваучер за посета на настан во странство од Фондот за иновации и технолошки развој. Покрај наградите, најдобрите тимови ќе добијат и бесплатно патување во Киев, кадешто ќе се сретнат со претприемачи од 16 европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna.

-Среќни сме што Treebanks е препознаена како идеја со социјален импакт. Се радуваме што наградата од SIA Македонија дава можност да се презентираме интернационално во Киев, вели Невен Стевчев од TreeBanks.

Наградата во Република Северна Македонија е организирана од Бизнис Импакт Лаб.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail