Programa-za-kratok-studiski-prestoj-vo-Japonija.jpg

Програма за краток студиски престој во Јапонија

Министерството за образование и наука ги информира сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, на возраст од 20 до 30 години, запишани на додипломски или постдипломски студии, да аплицираат за учество во програмата на јапонската влада наменета за младите од Западен Балкан, за краток студиски престој во Јапонија во периодот од 30 октомври до 7 ноември 2018 година.

Избраните кандидати ќе имаат одлична можност да ја истражат Јапонија преку интелектуална и културна размена, со цел да промовираат меѓусебно разбирање и почитување.

Трошоците кои се однесуваат на авионски превоз, осигурување, исхрана, сместување и престој во земјата во целост ги покрива Министерството за надворешни работи на Јапонија. Партнер во имплементацијата на програма е Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Крајниот рок за аплицирање е 16 септември 2018 година.

Повеќе информации можат да се обезбедат на http://www.rycowb.org/?p=5241

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail