Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Полска

Programa-za-razmena-na-studenti-i-nauchnici-kako-del-od-bilateralnata-sorabotka-na-Republika-Severna-Makedonija-so-Republika-Polska.png

Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Полска

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2021/22 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists”).

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски студенти за академската 2021/22 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование.

Полската страна ќе обезбеди:

–       бесплатно студирање и

–       сместување во студентски домови,

а висината на стипендијата изнесува:

–       1250 PLN/месечно за прв циклус на студии;

–       1500 PLN/месечно за втор циклус на студии;

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:

https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Апликацијата заедно со потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најдоцна до 20 мај 2021 година.

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иновации,

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

Прилог:

       –       Пријава 

–       “Regulations” of the Programme

–       Application form for candidates for the academic year 2021/22.

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail