ПРОГРАМА ЗА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ И НАУЧНИЦИ ВО РАМКИ НА БИЛАТЕРАЛНАТА СОРАБОТКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО РЕПУБЛИКА ПОЛСКА

mon.jpg

Полската Национална агенција за академска размена известува дека во академската 2020/21 година билатералната соработка со Северна Македонија во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists”).

Новина во процедурата за пријавување на кандидатите е што по нивното првично прифаќање, тие ќе имаат обврска да се регистрираат индивидуално на NAWA ICT системот.

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, полската Национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски студенти и истражувачи за академската 2020/21 година, за прв, втор и трет циклус на студии, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование.

Полската страна ќе обезбеди:
– бесплатно студирање и
– сместување во студентски домови,
а висината на стипендијата изнесува:
– 1250 PLN/месечно за прв циклус на студии;
– 1500 PLN/месечно за втор циклус на студии;
– 2200 PLN/месечно за докторски студии и специјализанти со магистратура;
– 3000PLN/месечно за истражувачи со докторат.

Патните трошоци за повратен билет до и од местото на студирање ќе ги покрие Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Линкот за регистрација е: https://www.nawa.gov.pl/en/

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата:
https://nawa.gov.pl/studenci/studenci-zagraniczni/program-wymiany-osobowej-studentow-i-naukowcow-w-ramach-wspolpracy-bilateralnej-oferta-przyjazdowa

Пријавата и апликацијата заедно со потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најдоцна до 20 мај 2020 година.

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци,
E-mail: [email protected]

Извор: mon

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail