Програма за стипендии Мари Склодовска – Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

mon.jpg

Повик за стипендии за додипломски, последипломски и докторски студии на државните универзитети и колеџи во Унгарија за академската 2021/2022 година

Генералниот директор на МААЕ неодамна ја иницираше Програмата за стипендии Мари Склодовска – Кири, во обид да ги охрабри младите жени да продолжат со својата кариера во нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје.

Програмата  Мари Склодовска – Кири  ќе стипендира до 100 избрани кандидати годишно, во зависност од расположливите средства,  ќе ја покрива универзитетската школарина до 10.000 евра годишно и животните трошоци до 10.000 евра годишно врз основа на локацијата на универзитетот. Стипендиите ќе се доделуваат за двегодишни магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука.

Процесот на аплицирање за циклусот MSCFP 2020 е отворен на 14 август, a крајниот рок за пријавување е 11 октомври 2020 година. Kандидатките можат да аплицираат за овие стипендии за академските години 2020/2021 и 2021/2022.

Повеќе информации за MSCFP, како и за начинот на аплицирање може да најдете на www.iaea.org/MSCFP

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail