Програмата Еразмус+ поуспешна од кога било до сега

erasmus-plus.jpg

Eвропската комисија соопшти дека програмата на ЕУ за образование и обука Еразмус+ која оваа година слави 30 години од своето постоеење е поуспешна и поотворена од кога било до сега.

Еразмус во 2015 година овозможи студирање, обука и волонтирање на рекорден број од 678 илјади Европјани, наведено е во соопштението и истакнато е дека ЕУ вложила околу 2,1 милијарди евра во повеќе од 19600 проекти во кој учествувале околу 69 илјади организации.

Резултатот од годишниеот извештај кој вчера беше објавен покажува дека програмата е на прав пат да ја постигне својата цел односно да поддржи околу 4 милиони луѓе во период од 2014 до 2020 година.

Еразмус+ во 2015 година дополнително е проширен па во институциите на високото образование по прв пат е овозможено во земјите надвор од Европа да испрати и од нив да пречека повеќе од 28 илјади студенти и образован кадар.

Франција, Германија и Шпанија се и понатаму трите земји кои испраќаат најмногу учесници, додека Шпанија, Германија и Кралството Велика Британија примаат најголем број учесници.

Во текот на 2017 година на европско, национално и локално ниво ќе бидат организирани настани кои ќе го истакнуваат позитивното влијание на Еразмус врз поединците но и општеството во целина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail