Програмата на Спејс-Икс за оваа година предвидува 27 ракетни мисии

spacex.jpg

Компанијата за аеронаутика и астронаутика „Спејс-Икс“ соопшти дека за 2017 година во нејзината програма се 27 вселнски мисии, во чии рамки ракетите „Фалкон 9“ ќе бидат лансирани во Вселената барем по една на секои две или три седмици.

Доколку планот биде успешен, тоа би значело дека годинава ќе биде најфреквентна и најплодна за ракетната индустрија, оценува Гвин Шотвел кој е дел од раководството на „Спејс-Икс“.

Слични планови компанијата имаше и за 2016, кога беа најавени 20 лансирања. За жал, сето тоа запре во септември, кога една од ракетите експлодираше пред самото лансирање од станицата Кејп Канаверал на Флорида. Тоа требаше да биде десеттото лансирање, според програмата, по што сите наредни беа откажани.

Сепак, и покрај сето тоа годинава компанијата има рекорден број нарачатели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail