ПРОГРАМАТА СТИПЕНДИУМ ХУНГАРИКУМ (STPENDIUM HUNGARICUM) ДОДЕЛУВА 20 СТИПЕНДИИ НА КАНДИДАТИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

PROGRAMATA-STIPENDIUM-HUNGARIKUM-STPENDIUM-HUNGARICUM-DODELUVA-20-STIPENDII-NA-KANDIDATI-OD-REPUBLIKA-MAKEDONIJA.jpg

ПРОГРАМАТА СТИПЕНДИУМ ХУНГАРИКУМ (STPENDIUM HUNGARICUM) ДОДЕЛУВА 20 СТИПЕНДИИ НА КАНДИДАТИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија преку фондацијата Темпус Паблик (Tempus Public Foundation) за академската 2017/2018 година, предвидува да бидат доделени вкупно 20 стипендии на кандидати од Република Македонија и тоа:

– 7 стипендии за додипломски студии по економија, инженерство, технологија, медицина, уметности и природни науки;
– 7 стипендии за постдипломски студии по економија, инженерство, технологија, медицина, уметности и природни науки;
– 2 стипендии за едноциклусни студии од областите од интерес;
– 4 стипендии за докторски студии од областите од интерес.

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените кандидати треба задолжително да посетуваат едногодишни подготвителни курсеви за изучување на унгарскиот јазик, пред отпочнувањето на студиите.

Во случај студиите да се изведуваат на некој странски јазик, потребно е прифатените кандидати да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара соодветната високообразовна установа.

Стипендијата ги покрива трошоците за:

– Школарина
– Сместување во студентски кампус на институцијата домаќин, или месечен надоместок од 40.000 ХУФ (~8.000 МКД)
– Здравствено осигурување
– Месечна стипендија, согласно постојната законската регулатива која се однесува на унгарските студенти, вклучувајќи ја и годината во која се посетува подготвителен курс за изучување на унгарскиот јазик. (40.000 ХУФ/~8.000 МКД)

Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање и студирање, како и листата на државни високообразовни установи во Унгарија може да се обезбедат на www.stipendiumhungaricum.hu, каде воедно се поднесува и електронската апликација и сите неопходни документи, заклучно со 31 март 2017 година. Истовремено, секој кандидат задолжително својата апликација треба да ја достави и до Министерството за образование и наука на Република Македонија на електронската адреса [email protected]

За дополнителни прашања можете да се обратите на [email protected] или [email protected]

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail