programer.jpg

Кинески програмер, благодарение на софтверски баг, од 2016-та до 2018-та година од банка извлекол околу еден милион долари во кеш, а откако ги вратил сите пари, од банката решиле да му простат.

Незадоволен програмер кој што работел за банката, открил метода со чија што помош може да ги „натера“ банкоматите да исфрлаат пари.

Како што пренесува “South China Morning Post”, 43-годишниот Кин Кисенг успеал да подигне повеќе од 7 милиони јуани, односно околу 1 милион долари, од банкоматот на својот работодавач “Huaxia” банката, користејќи бизарен пропуст.

Компјутерскиот систем на банката, не го бележел правилно повлекувањето на парите околу полноќ, што значи дека корисниците можеле да извлечат пари, без тоа системот да го регистрира. Во нормални околности, ова би ја блокирало трансакцијата, но Кисенг наводно користел специјални скрипти кои што ги потиснувале овие предупредувања.

Кисенг започнал да ги извлекува парите во 2016-та година, а од банката дури во јануари 2018-та година го препознале лошиот код. После 1358 подигања на пари, тие успеале да го фатат хакерот.

Сепак, најбизарно е тоа што откако од банката го фатиле Кисенг и го пријавиле во полиција, тие одлучиле да му простат и да ги повлечат обвинувањата ако ги врати парите. Причината за ова е потенцијално лошиот публицитет кој што од банката очигледно сакале да го избегнат.

Но, од судот не му простиле, па така Кисенг добил затворска казна од 10 и пол години. Причината е поради тоа што тој парите ги префрлил на своја лична сметка, а не на лажна сметка, додека дел од парите дури и ги инвестирал во акции.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail