Програмерите кои користат Space за вовлекување на кодот, заработуваат повеќе

salary_by_country-1-1024x768.png

Дејвид Робинсон на Stack Overflow сподели чуден податок. Програмерите кои користат Space за вовлекување на кодот, заработуваат повеќе од оние кои користат Таb. Ако ова е изненадување за вас и не ви се верува, не сте осамени, најголем дел од коментарите го отфрлаат овој податок.

Анализата е направена врз основа на анкета на 28.657 корисници. Резултатите се повторуваат и кај програмерите кои работат во мали и големи компании и кај програмери со исто искуство и стаж, тврди г. Робинсон.

“На прашањето „Tab“ или „Space“ одговорија 28.657 испитаници кои за себе велат дека се професионални програмери. Во оваа група 40.7% користат „Tab“, а 41.8% користат „Space“. Двете ги користат 17.5% од испитаниците. Од сите испитаници кои одговориле на ова прашање, 12.426 одговориле и на прашањето за висината на платата.

Анализата на податоците покажува дека програмерите кои користат „Space“ за вовлекување заработуваат повеќе пари дури и кога имаат исто искуство.“
Тешко е да се поверува дека користењето на Tab има било каква врска со висината на платата. Сепак во споделените податоци има и графикони во кои можете да ја видите заработката по држави, а оваа статистика е и поинтересна, а изгледа и поточна.

извор: it.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail