Програмерски хакатон за НЛБ Банка организиран од Валосо Хуб

NLB-Hackathon.jpg

Македонските програмери имаат ексклузивна можност да учествуваат на програмерски хакатон за потребите на НЛБ Банка

 

Валосо Хуб и НЛБ Банка ги покануваат сите програмери-креативци да учествуваат во НЛБ Банка хакатонот кој ќе се одржува на 22-23 април во канцеларијата на Валосо Хуб во Скопје.

НЛБ Банка хакатон е ексклузивен викенд настан кој ги повикува сите програмери да дојдат до иновативно решение кое би го подобрило целокупното искуство на корисниците на услугите на НЛБ Банка. Програмерите треба да дојдат до решение кое би исполнило барем едно од следните цели:

  • – Ќе го намалат бројот на корисници кои физички ја посетуваат банката со тоа што ќе понудат иновативно онлајн решение.
  • – Ќе ги подобрат постоечките апликации понудени од НЛБ Банка.
  • – Ќе поттикнат повеќе млади луѓе да ги користат услугите на НЛБ Банка.

На хакатонот можат да се пријават сите програмери кои имаат над 18 години и кои сметаат дека можат да понудат идеално дигитално решение. На хакатонот може да се пријават поединци како и тимови од максимум тројца членови. За подобро развивање на идејата препорачливо е учество во тим. Заинтересираните програмери треба да се регистрираат за да го обезбедат нивното место.

За оценувањето на решенијата ќе се погрижи 4-5 члено жири кое ќе се придржува кон исполнување на следните критериуми:

  • – Оригиналност/креативност
  • – Иновативност
  • – Аналитички вештини
  • – Стратешко размислување
  • – Практичка имплементација

Учесниците можат да очекуваат награди меѓу кои WonderTech Voyager Drone и потпишување на договор со Валосо Хуб за реализација на идејата.

Ако сметате дека имате идеја која вреди да се реализира, побрзајте и пријавете се. Местата се ограничени!

За повеќе информации за овој настан посетете ја официјалната веб страна на НЛБ Банка хакатон.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail