vanhool.jpg

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, има потреба од вработување на следново работно место:

ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР

Потребни квалификации, вештини и искуство:

  • ВСС – Машински инженер;
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Одлично познавање и работа со графички софтвер AutoCAD, Solidworks, предност ќе се смета искуство со PTC Creo (Pro/ENGINEER)
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) години во производна средина, а предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилска индустрија;

Работни задачи и одговорности:

  • Дава техничка подршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
  • Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија;
  • Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
  • Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајн до Ван Хоол Белгија;

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на www.vanhool.mk.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 04/09/2019

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail