Произведено еластично стакло кое генерира енергија

bendable-glass.jpg

Компанијата „SolarWindow“ стана позната која произведе проѕирни течни покривки за стакло со способност за генерирање соларна енергија, а сега објави дека изработила стакло кое е еластично и го има истото тоа својство. Доколку нивната иновација се развива на повисоко ниво, наскоро таа технологија би можела да се примени во сите градежни проекти во светот, односно зградите ќе станат уште повеќе енергетски ефикасни.

Научниците на „SolarWindow“ во текот на тестирањето своите течни слоеви ги додаоа на стаклото Corning Willow, а потоа ги изложија на услови кои симулираат висок притисок и температури кои се појавуваат при изработката на комерцијално стакло. Конечниот резултат на тоа е проѕирна стаклена налепница која не е одебела од обична визит-картичка, а поседува способност да ја складира сончевата енергија како фотонапонска плоча.

Со примена на овие „стаклени листови“ на постојните прозорци на зградите значително ќе се намалат сметките за струја затоа што цели згради ќе се претворат во вертикални генератори на струја. Освен тоа, ова стакло може да се користи и на други рамни и закривени површини како кај автомобилите, камионите, автобусите, авионите, бродовите. Оваа технологиај на зградите би можела да генерира 50 пати повеќе енергија од традиционалните кровни соларни колектори.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail